Битолчанецот Горан Мицевски, деновиве ја почести публиката со уште една композиција од личниот опус на современа музика насловена „Beauty of the Nature“.
Композицијата претставува инспиративно музичко парче кое поттикнува на кретивност, добрина, сочувство и храброст. Моќната убавина и величествениот раскош на природата од секогаш биле извор на инспирација за уметниците.
„Низ историјата, таа ја обликувала нашата култура и нашите единствени погледи кон светот и имала есенцијална улога во креативното изразување што ние како живи суштества го користиме, за да го разбереме нашето постоење и објасниме светот околу нас. Природата не инспирира да достигнеме нови нивоа во уметноста бидејќи и зборува на нашата душа на единствен јазик и единствен начин. Никој и ништо друго на овој свет нема таква моќ да ни подари и живост и спокој и мир и радост во исто време. Привилегија е преку нотите да се открие јазикот на природата, да се раскажат приказните на столетните дрва, да се пренесе мудроста на птиците и нежниот приспивен шепот на реките“, вели Мицевски.
Во изминатата годино Горан ги промовираше самостојните композиции „Прошетка во вселената“ и „Strength of the Stallion“ и композицијата „Немир“ која е дел од музичкиот проект „Гласот од невидливиот свет“. Композицијата може да ја слушнете на следниот линк:
https://youtu.be/htazlOs0z3U