Home » Нова меѓународна соработка на Државното музичко училиште – Битола

Нова меѓународна соработка на Државното музичко училиште – Битола

by culturalchat

Во духот на пријателството, културната размена и заедничката љубов кон музиката, Државното музичко училиште – Битола на 26 ноември 2026 година ќе гостува во Музичкото училиште во Јаница, Р. Грција. Во рамките на меѓународното гостување ќе се одржи свечен концерт и ќе биде потпишан Меморандум за пријателство и соработка помеѓу двете образовни институции.
Со овој значаен настан за Државното музичко училиште – Битола, се отвора нова меѓународната соработка, овој пат со Р.Грција и музичкото училиште од Јаница, се создаваат нови можности за учениците и се градат мостови на пријателство преку универзалниот јазик на музиката.
Два града, две училишта – една заедничка љубов кон музиката!

Related Articles