Home » Магијата на уличната уметност на француската театарска трупа „Гвам“ во Битола

Магијата на уличната уметност на француската театарска трупа „Гвам“ во Битола

by culturalchat

Со музика, движење и впечатлива визуелна изведба, театарската трупа „Гвам“ го претстави перформансот „Танцот на водните нимфи“, претворајќи го Широк сокак во сцена на отворено.
Публиката имаше можност да доживее уникатно уметничко искуство, во рамките на првото издание на фестивалот на улична уметност French Connection, во организација на Францускиот Институт во Скопје во соработка со Француското конзуларно претстаништво во Битола, Француската Алијанса и НУ Центар за култура во Битола.
Театарската трупа се движеше од Офицерскиот дом, низ Широк Сокак се до Саатот, што го привлече вниманието на присутните. Музичкиот и визуелен спектакл беше и имерзивно искуство, вид на уметничкo интермецо кое лебди помеѓу небото и морето и ја носи публиката во хармонично вибрациско поле. Настанот беше организиран во пресрет на Скопје Европска престолнина на културата 2028 и во рамките на Програмата за културни и креативни индустрии на Францускиот институт во Париз.

Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски.

 

Related Articles