Првиот фестивал на кинески филм, во Битола се одржи во Центарот за култура. Македонската публика за прв пат има можност да запознае дел од современата кинеска кинематографија преку осум филмови, кои опфаќаат различни жанрови, теми и приказни – од современа драма и анимација, до фантастична авантура и филмови инспирирани од кинеската култура и традиција. Со проекцијата на филмот „Сонцето изгрева над сите нас“, во режија на Цаи Шангџун, свечено беше отворен фестивалот. На отворањето присуствуваше и амбасадорка на Народна Република Кина во Република Македонија, Џијанг Сјаојан, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, директорот на Центарот за култура Сашо Илковски.
Еден екран. Две култури. Безброј приказни“, беше пораката испратена од овој фестивал. Организаторот приреди и мало изненадување, специјален подарок мало панда мече за првите педесетина посетители.
„Овој фестивал ја потврдува нашата соработката со Народна Република Кина и во делот на културата, односно филмската уметност“, истакна градоначалникот Коњановски.
Програмата продолжува и следните денови:
07.10. | Мала сала
11:00 – Monster Hunt 1 – фантастична авантура која ги комбинира кинеската митологија, комедијата и семејната забава во еден необичен свет на фантазијата.
20:00 – When the Night Meets Light – современа драма за личните емоции, животните искуства и изборите со кои се соочуваат обичните луѓе.
08.10. | Мала сала
11:00 – Monster Hunt 2 – продолжение на фантастичната авантура, со нови предизвици, побогати визуелни ефекти и приказна за целото семејство.
19:00 – Like a Rolling Stone – филм за личниот развој, самооткривањето и храброста да се направат важни животни промени.
21:00 – 24 Flavours – топла и достапна приказна која преку храната ги поврзува кинеската култура, традицијата и човечките односи.
