Home » За првпат Фестивал на кинески филм во Битола

За првпат Фестивал на кинески филм во Битола

by culturalchat

Првиот фестивал на кинески филм,  во Битола ќе се одржи од 5 до 8 октомври 2026 година во Центарот за култура. Македонската публика за прв пат ќе има можност да запознае дел од современата кинеска кинематографија преку осум филмови, кои опфаќаат различни жанрови, теми и приказни – од современа драма и анимација, до фантастична авантура и филмови инспирирани од кинеската култура и традиција.

По повод првата соработка со фестивалот,влезниците ќе бидат бесплатни.

Со проекцијата на филмот „Сонцето изгрева над сите нас“, во режија на Цаи Шангџун, на 5 октомври 2026 година, во 20:00 ч. во Голема сала на НУ Центар за култура Битола, ќе биде отворен фестивалот. Филмот се фокусира на човечките односи и емотивните искуства, следејќи ги приказните на обични луѓе и нивните лични избори, животни предизвици и внатрешни трансформации.

Програма на фестивалот

05.10. | 20:00 | Голема сала
The Sun Rises on Us All – современа кинеска драма која преку приказните на обичните луѓе ги истражува човечките односи, личните избори и животните предизвици.

06.10. | Мала сала
11:00 – Fall Into the Mortal World – анимиран филм инспириран од традиционалната кинеска митологија, кој ги спојува источната естетика, културните елементи и приказната за созревањето.

20:00 – The Coffin Painter – човечка драма која преку приказната на своите ликови ги истражува семејните односи, осаменоста и емотивните врски меѓу луѓето.

07.10. | Мала сала
11:00 – Monster Hunt 1 – фантастична авантура која ги комбинира кинеската митологија, комедијата и семејната забава во еден необичен свет на фантазијата.

20:00 – When the Night Meets Light – современа драма за личните емоции, животните искуства и изборите со кои се соочуваат обичните луѓе.

08.10. | Мала сала
11:00 – Monster Hunt 2 – продолжение на фантастичната авантура, со нови предизвици, побогати визуелни ефекти и приказна за целото семејство.

19:00 – Like a Rolling Stone – филм за личниот развој, самооткривањето и храброста да се направат важни животни промени.

21:00 – 24 Flavours – топла и достапна приказна која преку храната ги поврзува кинеската култура, традицијата и човечките односи.

 

Related Articles