Home » „Скејтањето не е за девојчиња“ на Дина Дума го отвора 47. ИФФК „Браќа Манаки“

„Скејтањето не е за девојчиња“ на Дина Дума го отвора 47. ИФФК „Браќа Манаки“

by culturalchat
Програмата „Камера 300 на 47-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“ се состои од дванаесет филмови кои својата меѓународна премиера ја имале во 2026 година на некои од најголемите филмски фестивали во светот.
Меѓу нив и два нови домашни филмови, со кои ќе биде отворен и затворен фестивалот. Филмот СКЕЈТАЊЕТО НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА на режисерката Дина Дума и кинематограферот Фредерик Нуаром ќе ја има својата македонска премиера по успешното претставување на фестивалот Трајбека во Њујорк и на Филмскиот фестивал во Сараево. Ова е втор филм на Дина Дума кој ќе биде прикажан во главната програма на „Манаки“, по дебитантскиот СЕСТРИ, прикажан на 42-то издание на овој фестивал во 2021 година.
Главен лик во филмот на Дума е 13-годишна Адела, чија постара сестра набрзо треба да се мажи и таа преку скејтањето се бунтува против тоа и на тој начин се обидува да избега од таа реалност. Филмот следи три генерации жени од ромската заедница, кои се соочуваат со судир помеѓу традицијата и современоста и се заглавени во тоа. Скејтањето не е за девојчиња“ зборува за ранливоста на едно девојче, за положбата на ромските девојчиња во патријархално општество и за начините на кои телото на жената може да биде претворено во прашање на „вредност“ во рамките на заедницата.
Главните улоги ги играат Симонида Селимовиќ, Ефќар Абаз, Џефрина Јашари и Ганимед Абдула. Најголемиот дел од актерите се натуршчици. Дума е сценаристка на филмот заедно со Лидија Мојсовска и Теона Стругар-Митевска. Директор на фотографија Фредерик Ноиром, сценограф Вук Митевски, костимограф Матеја Фајт, шминка Мојца Горогранц-Петрушевска, кастинг директор Киријана А. Николоска. Продуцент на филмот е Лабина Митевска, копродуценти Себастијан Делој, Данијел Хочевар и Вања Сремац. Проектот е финансиски поддржан од македонската Агенција за филм, како и од националните и регионални фондови на Белгија, Словенија, Хрватска и од „Еуримаж“.
Филмот  „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума ја освои Special Youth Perspectives Award на 32. издание на Сараево филм фестивал каде се одржа Европската премиера на овој филм.
„Скејтбордингот не е за девојчиња“ имаше светска премиера во јуни на фестивалот Трајбека во Њујорк, каде што Дума ја освои наградата „Нора Ефрон“.

Related Articles