Home » „ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ“ на Дарко Митревски наскоро во Cineplexx во Скопје

„ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ“ на Дарко Митревски наскоро во Cineplexx во Скопје

by culturalchat

Во рамки на програмата „Македонски филм. На големо платно“, публиката ќе има можност бесплатно да го погледне „Трето полувреме“ – историска филмска приказна инспирирана од вистински настани. Приказната е раскажана од перспектива на Ребека Коен, која по седум децении се враќа во Скопје и се навраќа на годините од својата младост. Во центарот се нејзината љубов со фудбалерот Коста, судбината на Евреите од Македонија за време на холокаустот и приказната за фудбалскиот клуб „Македонија“, предводен од германскиот тренер со еврејско потекло Рудолф Шпиц. Филмот ги испреплетува љубовта, фудбалот и историските превирања на Втората светска војна, во приказна за изборите, загубите, отпорот и надежта. Улоги: Катарина Ивановска, Сашко Коцев, Раде Шербеџија, Рихард Самел, Игор Ангелов, Митко Апостоловски, Тони Михајловски, Оливер Митковски, Верица Недеска и други.

Related Articles