Home » Средба на дипломатскиот советник, проф. д-р Зоран Пејковски со министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска

Средба на дипломатскиот советник, проф. д-р Зоран Пејковски со министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска

by culturalchat

Директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија и дипломатскиот советник, проф. д-р Зоран Пејковски се сретна со министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, која се одржа во Конгресниот центар во Охрид. Овој настан кој е посветен на македонскиот јазик, литература и култура, на темелите на нашиот национален и културен идентитет е важен столб на нашата културна дипломатија. Министерката проф. д-р Весна Јаневска се обрати пред учесниците на Летната школа, испраќајќи силна порака за значењето на македонскиот јазик, образованието, науката и културата.

„Нејзината посветеност, професионалност, визија и резултати се препознатливи и заслужуваат искрено признание. Впрочем, проф. д-р Весна Јаневска е една од најуспешните министри за образование и наука воопшто, министерка која со својата работа остава силен и позитивен белег во македонското образование и наука. Како директор на Македонскиот културно-информативен центар во Софија и дипломатски советник, особено ми е важно да придонесуваме за афирмацијата и промоцијата на македонскиот јазик, литература и култура надвор од границите на нашата држава. Македонскиот јазик треба да се чува, да се негува и постојано да биде присутен на сите мердијани, бидејќи тој е наш идентитет, наш корен и наш најсилен културен амбасадор“, истакна проф.д-р Зоран Пејковски.

Related Articles