Home » Култниот филм „Хари Потер и Каменот на мудроста“ се враќа во 3D киното во Битола

Култниот филм „Хари Потер и Каменот на мудроста“ се враќа во 3D киното во Битола

by culturalchat

По 25 години од првата филмска премиера, магијата повторно се враќа на големото платно. Култниот филм „Хари Потер и Каменот на мудроста“повторно ќе може да се погледне во кино, како дел од големата прослава на 25-годишнината од филмскиот почеток на една од најпознатите филмски франшизи во историјата. Публиката повторно ќе има можност да се врати во моментот кога започна приказната за Хари Потер, неговото пристигнување во Хогвортс и првите средби со светот на магијата. За многу генерации, ова е филм со кој започна едно незаборавно филмско патување. Посебно издание на филмот носи и ексклузивни сцени од зад сцената кои досега не биле прикажани, овозможувајќи им на фановите повторно да го доживеат првиот дел од серијалот на поинаков начин.Проекциите во 3D Кино Битола ќе бидат наменети за сите оние кои пораснаа со приказната за Хари, Рон и Хермиона, но и за новите генерации кои за првпат ќе имаат можност да ја откријат магијата на Хогвортс на големото платно. „Хари Потер и Каменот на мудроста“ не е само филм кој се враќа во кино – туку приказна која по 25 години повторно ги поврзува генерациите и нè потсетува на времето кога за првпат слушнавме: „You’re a wizard, Harry.“ Магијата се враќа. Хогвортс повторно ги отвора вратите. А овојпат, по 25 години, повторно на големото платно.
Инфорамции за билети и проекции:
https://www.3dkinobitola.com/single/event/339

*Филмот ќе се прикажува на англиски јазик, без македонски превод.

Related Articles