Наредните два дена на Бит фест се посветени и на децата. Пред Офицерскиот дом-КИЦ Битола вечерва во 20.30 ч. ќе биде изведена театарската претстава „Црвенкапа“, а утре сабота 04.07 точно на пладне, детската претстава/ мјузикл „Шекерната приказна“.
Приказната за слаткарот Марко и коларот Ване и нивното шеќерно дете. Прекрасниот детски мјузикл, со своја авторска музика и текст и колоритната костимографија и сценографија, ја прават ,,Шеќерната приказна”, изворедна забава за сите дечиња, но и за возрасни.
