Home » Со „Будење“ на Рисима Рисимкин во Битола, се затвора „Танц фест“

Со „Будење“ на Рисима Рисимкин во Битола, се затвора „Танц фест“

by culturalchat

Со моќната изведба на „Будење“ во кореографија на Рисимна Рисимкин во која настапуваат 30 танчери на 5-ти мај во 20:00 часот во Народниот театар Битола ќе се затвори 22-то издание на „Танц фест“. „Будење“ носи силна сценска енергија и колективно искуство што ги поврзува личното и општественото. Претставата ги истражува меѓучовечките односи, стереотипите и динамиката помеѓу индивидуалниот и колективниот идентитет. Претставата се занимава со воспоставените форми на однесување и нивната деконструкција, отворајќи простор за преиспитување на општествените норми и личните позиции во нив. Телото станува медиум преку кој се изразуваат емоции, конфликти и трансформации.Музиката за претставата ја потпишува Тони Китановски, костимите се дело на Благој Мицевски, а сценскиот дизајн го изработи Матеа Мијановиќ. Пред претставата ќе биде доделена Специјалната награда „Менада“ за поддршка на развојот на современиот танц на Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски. Уживајте и во свеченото затворање на „Танц фест“ на Скопје танцовиот театар и претставата „Будење“ на Рисима Рисимкин во Народниот театар Битола каде влезот ќе биде бесплатен, а влезниците се подигнуваат од билетарницата.
Влезниците денес може да се подигнат до 15:00 часот и од 18:00 до 20:00 часот.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Општина Битола.

Related Articles