Home » Отварање на изложбата „Тешкотиите ќе исчезнат, но доброто дело ќе остане – Македонската „робинзонијада“ на семејството бегалци Малахови“ во Битола

Отварање на изложбата „Тешкотиите ќе исчезнат, но доброто дело ќе остане – Македонската „робинзонијада“ на семејството бегалци Малахови“ во Битола

by culturalchat

Во организација на НУ Центар за култура – Битола и Друштвото за архитектура, дизајн и култура – Архифакт – Скопје, на 8 април 2026 год., среда, во 12.00 часот, во изложбениот салон на Центарот за култура, ќе биде отворена изложбата „Тешкотиите ќе исчезнат, но доброто дело ќе остане Македонската „робинзонијада“ на семејството бегалци Малахови“. Автори на изложбата и каталогот се: д-р Јасмина Дамјановска, проф. д-р Ленина Жила, Љубица Велкова и Јасминка Намичева. Реализацијата на изложбата е во рамките на проектот – патувачки изложби МузеумЛинк, во организација на Јасминка Намичева, кустос советник. Изложбата преку документи, фотографии и реконструирани биографии ја претставува животната приказна на семејството Малахови – руски бегалци кои во 1930-тите години се населиле во Поречје, Македонија, каде започнале своја „робинзонијада“ во дивината, оставајќи значајна трага во научниот, културниот и општествениот развој на земјата. За жал, заради политичките процеси познати како „Коминформбиро“ членовите на фамилијата Малахови биле принудени повторно да емигрираат. А нивните имиња долго време биле во заборав.

Related Articles