Детската театарска комедија “ТЕТКА МАРУЛКА” во изведба на Театар Хит Скопје, на 26.03, четврток со почеток од 11 часот, ќе биде изведена во Домот на културата “Илинден” Демир Хисар. Се работи за комедија за деца преку која гласно се упатува пораката:
„Чувај ја природата, таа нас не сака и јади само здрава храна, за да имаш живот без маана“.
Дејството на оваа претстава се случува во дворот на тетка Марулка, која одгледува многу зеленчук и овошје, има многу цвеќиња и трева, но тетка Марулка има згоди и незгоди со Плашко Сашко и кенгурот Дори. Плашко Сашко е тој кој сака да и го уништи зеленчукот, овошјето и убавиот двор на тетка Марулка, но кенгурот Дори успева да и помогне на тетка Марулка да ги спаси сите нешта, но и да увиди Плашко Сашко колку е важна грижата за природата и јадењето на здравата храна за сите. Низ многу комични моменти, интеракција со децата, оргинални костими, сцена и музика, преку детски начин оваа претстава им покажува на децата колку е важно да јадат зеленчук и овошје, бидејќи само така можат да бидат силни и здрави и ќе можат да си растат здраво, но и колку е важно да се грижиме за животната средина.
Гласно и силно со актерите на крајот сите деца ја упатуваат пораката: Јади здрава храна, за да имаш живот без маана. Да ја чуваме и негуваме природта, затоа што таа нас не сака и го чува нашето здравје и здравјето на сите. Во претставата играат: Магдалена Ризова – Черних, Сашо Ристовски, Ема Давчева. Автор и режија : Сашо Ристовски, сценска визуелизација: Дими.
Влез: 150 денари.
Со реализација на театарската претстава Театар Хит од Скопје,се вклучува во глобалното одбележување на Светскиот ден на театарот 27-ми март.

