Home » Полна сала во Битола за премиерата на „Приказната за Силјан“

Полна сала во Битола за премиерата на „Приказната за Силјан“

by culturalchat

Премиерата на документарниот филм „Приказната за Силјан“ ја претвори големата сала на Центарот за култура во простор на тишина, емоција и восхит – таму каде што приказните не се само гледаат, туку се чувствуваат. Битола, филмски град со традиција изградена низ фестивалот „Браќа Манаки“, повторно беше сцена на средба меѓу уметноста и публиката која знае да препознае вистинска вредност.
Филмот на Тамара Котевска, кој зад себе има импресивен светски пат – од Венецискиот филмски фестивал, преку Торонто, Чикаго, до National Geographic Documentary Films – ја раскажа својата приказна токму пред битолската публика. „Приказната за Силјан“ не е само филм. Тоа е тивка, автентична и универзална приказна за човекот, природата и врската што ги надминува границите на јазикот и времето.
По проекцијата, разговорот со продуцентот Јорданчо Петковски, кој го водеше драматургот Билјана Крајчевска, отвори нови перспективи за филмот и неговото создавање – потсетувајќи дека вистинските приказни продолжуваат и по одјавната шпица.

Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски

Related Articles