Home » Наградата „Јудита“ доделена на актерот Мијо Јуришиќ од претставата „Јулие Цезар“

Наградата „Јудита“ доделена на актерот Мијо Јуришиќ од претставата „Јулие Цезар“

by culturalchat

Главниот медиумски спонзор на 71-от Сплитски летен фестивал, дневниот весник „Слободна Далмација“, традиционално и оваа година ги додели наградите „Јудита“.Жирито во состав: Јасна Јукиќ, Роко Сикавица и Тони Чапета, одлучи наградата „Јудита“ за најдобро уметничко достигнување во драмската програма да му ја додели на првенецот на Хрватскиот народен театар Сплит, Мијо Јуришиќ, за улогата на Марко Брут во трагедијата „Јулие Цезар“ од Вилијам Шекспир, а во режија на Ќендрим Ријани.Во образложението стои: Во комплицираните технички околности на претставата, Мијо Јуришиќ го оживува својот лик на Марко Брут, говорејќи ги стиховите на Шекспир со леснотија на виртуоз. Тој го гради својот лик толку инспиративно и живописно што успева да не биде роб на концептите наметнати однадвор, туку напротив, во нив го наоѓа својот авторски глас. Борбата на Брут помеѓу спротивставените барања за чест, патриотизам и пријателство во толкувањето на Јуришиќ, стигнува до публиката  како проблем за сите нас, и на тој начин централната психолошка драма на претставата станува наше огледало“.Оваа култна политичка драма од Вилијам Шекспир, беше најновата премиера во рамките на Сплитско лето, чија премиера се одржа на 8.август во центарот на Сплит. Она што привлече посебно внимание беше македонската екипа во оваа претстава. Па така покрај режисерот Ријани, тука се и асистентот на режисерот, Иван Јерчиќ, сценографот Валентин Светозарев, костимограф-Марија Пупучевска. Режисерот донесе ново читање, адаптација на Шекспировото дело  чија актуелност никогаш не опаѓа. Во неговото читање, Цезар останува присутен дури и по смртта, а заплетот опфаќа различни историски периоди.Драматург е Карла Леко. Улогите покрај Јуришиќ, ги толкуваат Трпимир Јуркиќ, Горан Марковиќ, Донат Зеко, Петра Ковачиќ Ботиќ, Никша Арчанин, Зорана Качиќ Чатиповиќ, Ана Марија Веселчиќ, Здеслав Чотиќ, Стипе Јеласка, Лука Черјан, Зравко Вукелиќ, Моника Вуцо Царев, Лара Јерончиќ. Композитор е Тримор Дорми, кореограф Сташа Зуровац, видео дизајнер Драган Ѓокиќ, дизајнер на светло Срѓан Барбариќ, дизајнер на звук Иван Шушњара, скулптор Тео Баучиќ, јазичен советник Анита Руњиќ Стоилова, превод Милан Богдановиќ и Мате Марас, инспициент Соња Дворник.Наградата „Јудита“ за најдобро уметничко достигнување од музичката програма на 71-от Сплитски летен фестивал се додели на ансамблот на операта „Диоклецијан“ од Иво Тијардовиќ – солистите, хорот, оркестарот и балетот на Хрватскиот народен театар Сплит под диригентската палка на Хари Злодре и во режија на Иван Лео Лемо.

 

Related Articles