Home » Вечер на Бит фест-јубилеен концерт на групата Гром во Хераклеја

Вечер на Бит фест-јубилеен концерт на групата Гром во Хераклеја

by culturalchat

Во рамки на Програмата на Битолското културно лето – БИТ ФЕСТ, вечерва со почеток од 21:00 часот, на античкиот локалитет Хераклеја ќе настапи легендарната македонска група „ГРОМ“, по повод 45 години од своето постоење. Оваа музичка вечер се очекува да биде вистински спектакл под отворено небо, на едно од највпечатливите културни места во земјава. Членовите на групата „Гром“, најавувајќи незаборавен концерт, изразија искрена благодарност за поддршката од Општина Битола и за континуираното вложување на општината во културниот живот на градот. На денешната прес-конференција присуствуваше и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна:„Чест и задоволство е што сме заедно денес. 45 години постоење на оваа наша – и битолска и балканска сцена, значат многу. Со „Гром“ пораснаа бројни генерации, особено мојата. Нема поавтентично место за прослава на ваков јубилеј од Хераклеја. Очекувам амбиентот и природната акустика да донесат вистинско уживање за сите присутни“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Дополнителен повод за радост вечерва е настапот на Ален Славица, кој ќе биде специјален гостин на концертот. Тој упати покана до публиката за заедничка забава и енергија во магичната атмосфера на Хераклеја.

Related Articles