Home » „Ѓурологија” премиерно доаѓа во Битола

„Ѓурологија” премиерно доаѓа во Битола

by culturalchat

По повод 10 години од без конкуренција најпосетениот стенд – ап на Балканот на сите времиња, на ваше барање, покрај Скопје, Бранко Ѓуриќ – Ѓура премиерно доаѓа со неговата „Ѓурологија” и во БИТОЛА на 19.март  во Центарот за култура.

„Ова нема да биде ЃУРОЛОГИЈА. Ова ќе биде ,,шио ми га Ѓуро” шоу“, стои во најавата од Авалон продукција.Шоуто е за публика 16+. Со својот препознатлив босански шарм и долгогодишното актерско искуство, што особено се отсликува во неговите култни проекти „Топ листа надреалистa“ и „Аудиција“, Бранко Ѓуриќ Ѓуро преку „Ѓурологија“ навистина го дава најдоброто од себе. Еден вид (анти)стенд ап шоу „Ѓурологија“, како што сака да го нарече самиот Ѓуро, е всушност збирка од неговите интимни размислувања и погледи на животот, кои ги раскажува на искрен и урнебесен начин, одржувајќи ја публиката воодушевена и речиси со непрекинато смеење. Харизматичниот сараевчанец со холивудска и интернационална кариера како актер, режисер, кантавтор и рок музичар, Бранко Ѓуриќ Ѓуро во „Ѓурологија“ навистина ги обединува сите негови уметнички улоги и на публиката и претставува неспоредливо шоу од 90 минути!

Бранко Ѓуриќ Ѓуро со својата авторска претстава „Ѓурологија“ руши рекорди на гледаност во светот на театарот и стенд ап комедијата на нашите простори. Ѓурологија“ е одиграна повеќе од 450 пати во својата историја и ја виделе преку 350.000 посетители. Проверете зошто претставата „Ѓурологија“ е најгледаната претстава во целиот регион.

Влезниците, по цена од 750 денари се во продажба онлајн на karti.com.mk, во продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија и на билетарницата во Центар за култура – Битола. ВАЖНО: Ќе се одржи само една претстава.

 

Related Articles