Порталот Бабам Битола заедно со Камерниот орекстар го организираат настанот „За мојата Битола“, на 27 февруари 2025.
„За мојот град, за мојата љубов која баш тука на ова место започна пред точно пред десет години. „За мојата Битола“, со над 500 песни опејана, безбројни поеми и раскази прераскажана. За мојата Битола“ само убавини. И тоа само најубавите“, истакнуваат од Бабам Битола.
На настанот ќе учествуваат и Чоре (Борис Чоревски) и Силвана Насух со рецитали, како и други битолски изведувачи. Организаторите апелираат да се резервира на време бидејќи големи се шансите да останат без ниту една карта. Настанот ќе биде со почеток од 19.00ч. во Центарот за Култура во Битола, големата сала. „За мојата Битола “, 10 години Бабам Битола со Камерен Оркестар, битолски песни со битолски изведувачи и битолски рецитали. Карти по цена од 400 денари на следниот линк:
https://yournextevent.info/events/za-mojata-bitola