“Течни денови” е насловот на првата самостојна изложба на Билјана Толевска Наумовска која во изложбениот салон на ДЛУБ, ќе биде претставена од 21-28.декември.
Толевска Наумовска е родена на 05.05.1992 во Битола. Таа е дипломиран психолог на Меѓународниот Славјански Институт. Од 2016 редовно зема часови по цртање и сликање во “Ателје Солак” под менторство на академскиот уметник Димитар Солаковски. На изложбата ќе бидат претставени триесетина дела, акварели и туш на хартија – еден мал дел од нејзиното шест годишно творештво. Тоа се интимни доживувања на една романтична мисла каде уметноста и психологијата се допираат и ја истражуваат бесповратноста и исклучителноста на денот. Мали кадри и исечоци кои отсликуваат замислени пејсажни композиции создадени под влијанието на илјадниците слики секојдневно пренесувани од мас-медиумите.