Home » 16-тиот Фестивал на музика од светот започна со магична вечер исполнета со љубов, поезија и инспирација

16-тиот Фестивал на музика од светот започна со магична вечер исполнета со љубов, поезија и инспирација

by culturalchat

Во свечена атмосфера, беше отворено 16-тото издание на Фестивалот на музика од светот, фестивал што ја слави универзалната моќ на музиката и уметноста. Првата вечер, симболично насловена „Волкот на љубовта“, ги поврза зборот и музиката во единствена симфонија на емоции. Вечерта започна со интерпретација на македонската поезија од поетот Тихомир Јанчовски, кој преку зборовите на нашите најголеми литературни имиња – Блаже Конески, Ацо Шопов, Петре М. Андреевски и други – ја воведе публиката во светот на љубовта и страста. Во вториот дел, Бранислав Николов со своите песни ги оживеа емоциите од златните времиња на македонската музичка сцена, додека Маја Андоновска Илијевски внесе своја уникатна енергија, што публиката ја прими со голем восхит. Со оваа вечер започна фестивал што не е само културен настан, туку и патување низ длабоките човечки емоции.

„Благодариме на сите кои беа дел од ова прекрасно отворање и ги повикуваме да бидат дел од богатата програма што следува. Особена благодарност до Министерството за култура, Општина Битола, Културно-информативниот центар, Битолскиот театар и нашиот спонзор Бисери Филеви, кои помогнаа ова да стане реалност. Фестивалот продолжува – нека ова патување низ зборовите и звуците трае уште долго“, истакнаа од Центарот за култура.

фотограф | Диоген Хаџи Коста Милевски

Related Articles