Мјузиклот за сите генерации „La nostra famiglia / Нашето семејство“ ќе биде премиерно прикажан на 5.ноември во Хрватскиот народен театар „Иван ПЛ Зајц“ во Риека, Хрватска.Создаден во копродукција со Италијанската драма со Словенечкиот постојан театар во Трст и Гледалиште Копер – Teatro Capodistria, „Нашето семејство“ го претставува и враќањето на македонскиот композитор и режисер Марјан Неќак во „Зајц“ по повеќе од десет години. Режисерот се враќа во овој театар со една универзална приказна и желба да одговори на едно едноставно прашање – кој го сочинува нашето семејство? Следејќи како се вкрстуваат судбините на децата сираци и родителите без деца, „Нашето семејство“ ја прикажува приказната за подобар, поправеден свет заснован на искрен, топол човечки допир. Надополнет со незаборавна музика, овој мјузикл е настан за сите генерации. Режисерот истакнува:„Семејството не е само крвно сродство – може да биде секој кој те прифаќа таков каков што си. Тоа се оние кои со своето внимание и грижа ве исполнуваат со љубов, добрина и наклонетост. Се чувствувате како да сте дома. Пријателите се семејство кое самите го избираме“.Зборувајќи за генерацијата Z, мјузиклот зборува за светот и за сите оние кои се чувствуваат сами во желбата да им се покаже дека постои потопол, поправеден свет. Сепак, како што пишува Саша Ержен, секогаш е важно да се запамети дека не сме сами: „Не е лесно да се биде. Добро е што имаме уметност. Театарот повторно и повторно ни открива дека не сме сами. А кога не сме сами, се е барем малку полесно“.За сценографијата се погрижи Валентин Светозарев, костимографијата е на Миа Поповска, видео проекции Марин Лукановиќ, асистент на режија Рената Видиќ. Улогите ги играат: Леонора Суриан Попов, Рок Матек, Даниел Малалан, Пиа Скварча, Елена Брумини, Урша Кавчиќ, Серена Фераиуоло/ Аурора Цимино, Мак Тепшиќ, Блаж Поповски, Андреа Тих, а за кореографијата беше задолжен Клемен Јанежиќ.