Home » Џез Фабрика Фестивалот Битола стана дел од најголемата светска мрежа на Арт Фестивали

Џез Фабрика Фестивалот Битола стана дел од најголемата светска мрежа на Арт Фестивали

by culturalchat

На покана на ChinaSPAF 2024 и Network of Silk Road Arts Festivals Џез Фабрика Фестивалот Битола е единствениот фестивал кој ја претставуваше Македонија во рамките на оваа значајна меѓународна конференција на Арт фестивали која се одржа во Шангај, Кина. Во Центарот за изведувачки уметности BOCOM NEW BUND во Шангај, се одржа 4-та годишна конференција, која обедини фестивали, институции и културни фондации од 30+ земји и региони. Презентациите опфатија турнеи, копродукции, обука за таленти и идно планирање. Мрежата, основана во 2017 година, се фокусира на „ко-консултации, ко-конструкција и споделување“ и ја зајакнува глобалната културна размена преку соработка, меѓусебно учење и споделување искуства.Во рамките на конференцијата видео презентација за фестивалот и Општина Битола имаше директорот на ЏФФ проф. м-р Сашо Поповски, кој ги запозна присутните – повеќе од седумстотини делегати, со формата, моделот и реализацијата на фестивалот како и можностите за културна соработка на Општина Битола со останатите фестивали – градови претставувани од делегатите учесници на конференцијата.„Конференцијата беше вистинско искуство за мене. Можам да кажам дека ние претставниците од Балканот се уште сме во фазата на сонувачи за тоа како сакаме да изгледат фестивалите. Претставниците од поразвиените европски земји не се многу заинтересирани за соработки искрено. Единствено им се допаѓа духовитоста на Балканците, тоа што сме нон-стоп насмеани и што сме добро друштво. Од друга страна кај Кинезите веќе уметноста е прерасната во сериозен бизнис кој што се мери во билиони јуани (едно евро е 7.8 јуани). Во Шангај има моментално 2900 театри кои што се финансирани од државата, но и од приватниот сектор. За овие големите театри, што се со традиција над 200-300 години, не можеме ни да замислиме колку средства генерираат. И од друга страна, тука е и Америка. Линколн центарот и Кенеди беа претставници. Тоа е сосема друга индустрија. Само минатата година Линколн центарот имаше над 6.000 перформанси. Бројот на продадени влезници на конференцијата беше со фантастични бројки.  Посетивме и неколку шоуа од кои доста интересна беше  традиционалната кинеска опера“, изјавува директорот Поповски.Едни од најзвучните имиња кои беа на конференцијата се и : БОЖАР Белгија, Делхи интернационален арт фестивал Индија, Преформинг арт митинг Јокохама Јапонија, Националниот театар на Панама, Зимен интернационален фестивал Сочи Русија, ИТХРА Саудиска Арабија, Единбург интернационален фестивал УК и др. Саемот за изведувачки уметности на меѓународниот фестивал во Кина Шангај (ChinaSPAF) се одржува секоја година за време на неделата на отворањето на фестивалот. Како најголем пазар за размена на изведувачки уметности во азиско-пацифичкиот регион, тој повикува уметнички групи, уметнички институции и многу уметници од целиот свет да се собираат заедно секоја година во октомври. Во изминатите неколку години, ChinaSPAF продолжи да се шири како професионална платформа за меѓународна културна размена, обезбедувајќи лидерство во развојот на нови соработки. Има изградено платформа за домашни и меѓународни уметници, групи за изведувачки уметности, театри и агенции за размена и прикажување, соработка и преговарање, олеснувајќи го влезот на повеќе меѓународна уметничка извонредност на кинескиот пазар и лансирање голем број извонредни домашни дела на глобалната сцена. Вкупно 42 извонредни кинески оригинални продукции патувале во 29 земји и региони како резултат на присуството.ChinaSPAF 2024 се одржуваше од 18. до 21. октомври во Центарот за изведувачки уметности BOCOM NEW BUND 31.

 

 

 

Related Articles