Home » Реномирани филмски професионалци дел од жири комисиите на 45.„Браќа Манаки“

Реномирани филмски професионалци дел од жири комисиите на 45.„Браќа Манаки“

by culturalchat

И оваа година жири комисиите во различните селекции на фестивалот „Браќа Манаки“, се едни од најреномираните филмски професионалци.Па така на 45. издание на фестивалот жирито на официјална селекција „Камера 300“ е составено од: Џон Сил, претседател на жирито, австралиски кинематографер, Ањес Годар, француска кинематограферка, Џевахир Шахин, турски кинематографер, Биргит Гудјонсдотир, исландска кинематограферка и Владимир Блажевски, македонски режисер и сценарист.Џон Сил е австралијански кинематографер, добитник на наградите Оскар и БАФТА за „Англискиот пациент“ (1996), кој е познат и по кинематограферската работа на филмовите: „Дождовниот човек“ (1988), „Друштвото на мртви поети“ (1989), „Фирмата“ (1993) „Американскиот претседател“ (1995), „Талентираниот господин Рипли“ (1999), „Хари Потер и Каменот на мудроста“ (2001), „Туристот“ (2010), актуелен по соработките со Џорџ Милер на филмовите: „Лудиот Макс: Пат на бесот“ (2015) и „Три илјади години копнеж“ (2022), со бројни достигнувања во кинематограферската дејност.Ањес Годар е повеќекратно наградувана француска кинематограферка, која ја започнува кариерата како асистентка на камера на „Париз,Тексас“ (1984) и „Небото над Берлин“ (1987). Долгогодишна соработничка е со режисерката Клер Дени, како кинематограферка на филмовите „Не можам да спијам“ (1994), „Нанет и Бони“ (1996), „Убава работа“ (1999), „Проблеми секој ден“ (2001), „Натрапникот“ (2004), „Нека влезе сонцето“ (2017), со бројни меѓународни признанија.Џевахир Шахин е турски кинематографер, чест соработник со Куршат Уресин, со кого се добитници на „Златната Камера 300“ за филмот „За сувите треви“ (2023). Вниманието на турската критика го привлекуваат со „Студот на Каландар“ (2015), кој се закитува со национални и меѓународни признанија, вклучувајќи ги и наградите за најдобра кинематограферска работа на фестивалите во Истанбул и Анталија и на Asia Pacific Screen наградите, а препознаени се и по кинематограферската работа и на филмовите „Аманет“ (2016) и „Живот“ (2023).Биргит Гудјонсдотир е исландска кинематограферка, која била составен дел од секторот камера на филмовите „Тројцата мускетари“ (1993), „Збогум Ленин!“ (2003), „Јарго“ (2004), „Борновата надмоќ“ (2004) и „Еон флукс“ (2005). Кинематограферка е на филмот „Чудна риба“ (2004) и има огромен број на достигнувања во германската филмска и телевизиска продукција.Владимир Блажевски е македонски режисер и сценарист, кој ги има режирано филмовите „Хај-Фај“ (1987), добитник на Златна арена за режија на Филмскиот фестивал во Пула, „Булеварот на револуцијата“ (1992), „Панкот не е мртов“ (2011) добитник на наградата за најдобар филм во селекцијата „Источно од западот“ на филмскиот фестивал во Карлови Вари и на наградата на публиката на фестивалот во Софија, и „Годината на мајмунот“ (2018). Сценарист е на филмовите: „Џипси меџик“ (1997) и „Големата вода“ (2004).

Жири Европска lo-cap програма и документарната програма 

Жири на европската lo-cap програма и документарната програма е во состав:Куршат Уресин, претседател на жирито, турски кинематографер, Јани Петери Паси, фински кинематографер, Нурија Ролдос, шпанска кинематограферка.Куршат Уресин е турски кинематографер, чест соработник со Џевахир Шахин, со кого се добитници на „Златната Камера 300“ за филмот „За сувите треви“ (2023). Вниманието на турската критика го привлекуваат со „Студот на Каландар“ (2015), кој се закитува со национални и меѓународни признанија, вклучувајќи ги и наградите за најдобра кинематограферска работа на фестивалот во Истанбул и на Asia Pacific Screen наградите, а препознаени се и по кинематограферската работа и на филмовите „Аманет“ (2016) и „Живот“ (2023).Јани Петери Паси е фински кинематографер, сценарист и режисер, двоен добитник на „Златна камера 300“ за најдобра кинематограферската работа на филмовите „Купе број 6“ (2021) и „Најсреќниот ден во животот на Оли Маки“ (2016). Кинематографер е на „Еднаш сонував за живот“ (2014), режисер на документарните филмови „Панкерскиот синдром“ (2012), награден на „Саут бај Саутвест“ и „Панкерското патешествие“ (2017), а има работено на ТВ-сериите „Чернобил“ (2019) и „Естонија“ (2023).Нурија Ролдос е шпанска кинематограферка, која ја започнува нејзината кариера во секторот камера во 80-тите години и станува првата кинематограферка на долгометражен филм во Шпанија во 90-тите години на минатиот век. Препознаена е по кинематограферската работа на филмовите: „Див пат“ (2023), „Живеј двапати, сакај еднаш“ (2019), „Илјада работи што би ги направил за тебе“ (2017) и „Силеџиство“ (2009). Ролдос работела и на бројни документарни филмови и ТВ-серии. Таа е претседателка на шпанското Здружение на кинематографер(к)и.

Жири на кратката и студентската програма

Жирито на кратката и студентската програма е во состав: Ненси Шрајбер, претседателка на жирито, американска кинематограферка, Уна Менгес, британска кинематограферка и Ѓорѓи Клинчаров, македонски кинематографер.Ненси Шрајбер е американска кинематограферка, со над педесетгодишна филмска кариера, чијашто кинематограферска работа на филмот „Ноември“ (2004) беше наградена на „Санденс“, а позната е по работата на филмовите „Книгата на сенки: Вештерката од Блер 2“ (2000) и „Деветките“ (2007). Исто така има работено на документарни филмови за: Линда Ронштад, Роберт Мeплторп, Мерлин Монро и Вуди Ален.Уна Менгес е британска кинематограферка со над триесетгодишна филмска кариера, која има работено во секторот камера ширум светот, работејќи како прва асистентка на камера на „Валкани убави нешта“ (2002) и „Добриот крадец“ (2002) и како кинематограферка на „Домаќинот“ (2020) и „Лола“ (2022).Ѓорѓи Клинчаров е македонски кинематографер, кој има работено на многубројни долгометражни и кратки филмови. Снимател е на: „Џган“ (2016), „Дедо и внук“ (2019), „Другарот“ (2020), „Прошетката“ (2023) и кинематографер на „Стела“ (2020), „Еден тон сладолед“ (2022) и „Време на бетон“ (2024).

 

 

Related Articles