Home » Единствена, незаборавна атмосфера на Битола отворен град со ILE THE HAIR

Единствена, незаборавна атмосфера на Битола отворен град со ILE THE HAIR

by culturalchat

За убавата атмосфера на Битола отворен град се погрижи и диџеј Иле Косата, ILE THE HAIR од нашиот град посветувајќи ја вечерта на 30 години од првиот техно албум. Илија Талев стана препознатлив рушејќи бариери во средината во која живее во многу области: музика, мода, култура, уметност во Битола, но и пошироко. ДЏ, музичар, организатор на првата техно журка во Македонија (1989), автор на првата техно песна „Последниот Титов Танц“ (1991) и првиот техно албум „И по Тито – Техно“ (1994) во Македонија и на Балканот со групата Xavier Acid, автор е на првиот концептуално-амбиентален албум „Метрополис“ со проектот Музак, издавач на музичката компилација на битолски групи кои биле активни во периодот помеѓу 2001-2022 година под името „Битола е градот“.Публикатата уживаше  во една позитивна атмосфера преку непрекинато пулсирање на ритамот каде посетителите танцуваа со звуците на неговиот невообичаен избор на музика. Едно вистинско музичко уживање за сите присутни на фестивалот.фото | Диоген Хаџи Коста Милевски

 

 

 

 

 

 

 

 

Related Articles