Home » Денес на Шекспир фестивалот во Битола: „Хамлет-Денот на убиствата“ и турската „Цезар“

Денес на Шекспир фестивалот во Битола: „Хамлет-Денот на убиствата“ и турската „Цезар“

by culturalchat

Денес во рамките на Шекспир фестивалот ќе бидат изведени две претстави, „Хамлет- Денот на убиствата“ на Битолскиот театар и „Цезар“ на Катс Шахне театарот од Истанбул, Турција.Битолската претстава е од 20 часот. Истата е работена според пиесата на Бернар – Мари Колтес, а во режија на Марјан Неќак. Оваа претстава минатата недела ја доби наградата за најдобра претстава на Интернационалниот Фестивал „Инфант“ во Нови Сад, Р. Србија.Од 21.30 ќе биде прикажана турската претстава на Новата сцена. Истата е во режија на Сибел Абдиу. Влезници можете да набавите од следниот линк на веб страната на НУ Народен театар Битола:

https://narodenteatarbitola.com

 

Related Articles