„Љубовна приказна“ е насловот на концертот кој музичкиот состав „Велкро проект“ ќе го изведе на 26.Октомври, сабота, во Офицерскиот дом Битола со почеток од 19 часот. Низ уникатното музичко патување, настан на Europe House Битола, публиката ќе ја водат: пијанистката Маја Божиновска, виолинистот Марко Поп Ристов, виолончелистот Милтиадис Касарас.
Овој настан ја истражува епската и неисполнета љубов помеѓу Јоханес Брамс и Клара Шуман, инспирирана од стотиците писма кои Брамс ѝ ги испратил на Клара. Перформансот се навраќа на нивните длабоки емоции, истовремено истакнувајќи го извонредниот успех на Клара како една од ретките глобално признати жени-композитори. Вечерта ќе опфати дела исклучиво од Клара Шуман и Јоханес Брамс, пренесувајќи ја нивната безвременска љубовна приказна преку музика.
Бројот на публика е ограничен и со пополнување на истиот, формуларот ќе биде затворен:
🔗 https://forms.gle/H4DJWm4xSBamw3th9
Краен рок за пријавување е четврток (24.10), до 13:00 часот.