Home » Јане Петровски и Софија Михајловска прогласени за млади пијанисти на годината

Јане Петровски и Софија Михајловска прогласени за млади пијанисти на годината

by culturalchat

Учениците на Државното музичко училиште од Битола,  Јане Петровски од класата на проф. Јана Четелева Белевска и Софија Михајловска од класата на проф. Маја Божиновска се прогласени за Млад пијанист на годината на интернационалниот натпревар PIANO KEY — признание кое зборува за нивниот талент, посветеност и љубов кон музиката.во Македонската филхармонија официјално беше затворено второто издание на Меѓународниот натпревар „Пијано клавиш“ (PIANO KEY).Со свечен концерт во Македонската филхармонија официјално беше затворено второто издание на натпреварот, а посебна чест и дополнителна вредност на ова признание му дава фактот што во стручната комисија беше и маестро Симон Трпчески, чие мислење и поддршка имаат огромно значење за младите уметници. Вкупно 145 пијанисти од 11 држави, оваа година учествуваа на овој натпревар, поделени во четири дисциплини и 10 возрасни категории. Наградените ученици добија дипломи, а оние со освоени најмногу поени во својата категорија добија и медали. Токму Трпчески Трпчески заедно со проф. д-р Елена Атанасовска Ивановска и м-р Катерина Ќетковиќ Фидановска, беше дел од жири-комисијата за избор на најдобар македонски млад пијанист за 2025 година. Мотото на „Пијано клавиш“, е поттикнување на младите пијанисти и нивна промоција. Организаторите на натпреварот се проф. д-р Ема Попивода и м-р Светлана Димитриевска.
„Честитки до Јане и Софија за овој голем успех! Горди сме на вас и со нетрпение ги очекуваме вашите идни музички достигнувања“, истакнаа од Државното музичко училиште во Битола.

Related Articles