Home » Членовите на „Сумнал“ ги бодреа младите на РК Еурофарм Пелистер

Членовите на „Сумнал“ ги бодреа младите на РК Еурофарм Пелистер

by culturalchat

Во рамките на проектот „Мостови на пријателство“, поддржан од Европски солидарен корпус, Здружението за развој на ромската заедницан„Сумнал“, продолжи да создава простори каде различностите стануваат сила, а пријателството – мост што ги поврзува сите.

„На претходните активности, Михајло Сиљанов и Васко Димитровски дојдоа до едно важно сознание – иако Битола е позната како ракометен град, поголемиот дел од нашите учесници никогаш немале влезено во салата „Боро Чурлевски“, ниту пак имале можност да присуствуваат на ракометен натпревар. Токму затоа, оваа активност беше многу повеќе од обично присуство на натпревар. Заедно ја исполнивме таа желба – бевме дел од атмосферата, навивавме со срце и ги бодревме младите од РК Еурофарм Пелистер“, ни изјави Фатма Бајрам Аземовска.
За некого ова можеби беше секојдневие, но за нивните учесници – беше прво искуство, прва возбуда и чувство на припадност што долго ќе се памети. Зад секоја успешна активност стојат луѓе со визија – Михајло Сиљанов и Васко Димитровски, волонтери кои не само што организираат, туку и инспирираат, поврзуваат и менуваат животи. Затоа што токму во ваквите искуства се градат најсилните мостови – мостови на доверба, радост и заедништво.

Related Articles