Home » Фестивалот започнува таму каде што срцето најсилно чука – на Широк Сокак

Фестивалот започнува таму каде што срцето најсилно чука – на Широк Сокак

by culturalchat

Со почеток од 18:30 часот, од Плоштадот Магнолија до платото пред Офицерски дом, низ Широк Сокак ќе помине големото дефиле на сите домашни и странски учесници на 55. издание на фестивалот „Илинденски денови“. Овој спектакл под отворено небо го означува официјалниот почеток на фестивалот, кој веќе неколку дена пулсира низ Битола со својата офф програма – но сега, со илјадници чекори, колоритни носии и знамиња од сите страни на светот, фестивалот излегува меѓу луѓето, таму каде што традицијата никогаш не престанала да живее.
Во дефилето ќе учествуваат гостите од светот, заедно со македонски фолклорни друштва. Заедно ќе создадат жива мапа на светската традиција, ДЕНЕС за УТРЕ.
Подгответе ги камерите, подигнете ги погледите, почувствувајте ја музиката и поздравете ги сите учесници со аплаузи и насмевки, како вистински домаќини.
Битола е една голема светска сцена.
Народната уметност е нејзиниот главен актер.
Фестивалот кој го сакаме – ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ по 55 пат.

Related Articles