На првиот концерт од серијалот „Нови хоризонти“, кој се одржа на Факултетот за музичка уметност во Скопје, настапија учениците од Средното музичко училиште од Битола, носејќи свежа енергија, талент и искрена љубов кон музиката. Овие млади уметници покажаа дека иднината на музиката е во сигурни раце – полна со страст, посветеност и креативност.
„Горди сме на секој ученик кој храбро застана пред публиката и покажа дека музиката не е само вештина, туку и идентитет. Благодарност до организаторите, а особено проф. Марија Вршкова за можноста да бидеме дел од оваа прекрасна приказна, и до г-ѓа Панда Зографска Беличанец за фотографиите“, истакнаа од Музичкото училиште.
На концертот настапија: Јелица Лазарова III година – пијано, К. Шуман: Романса во a-moll, оп.21, наставник: Татјана Божиновска, Леонид Јанковски IV година – соло пеење, П. И. Чајковски – ”То было раннею весной…”, наставник: Никола Зацески, пијано соработник : наставник Александра Ристовска, Дафина Момироска III година – пијано, J. Брамс: Рапсодија оп.79 бр.1, наставник: Татјана Божиновска, Магдалена Ковилоска IV година – флејта, Ива Чанова – флејта III година – флејта, Лина Димовска – пијано III година – пијано, Франц Доплер: Анданте и рондо оп.25 за две флејти и пијано, наставник: Александар Стефановски, Теодора Кулевска IV година – виолина, E.Elgar : Salut d’amour, наставник: Игор Милевски, пијано соработник: наставник Александра Ристовска, Марко Марковски III година – соло пеење Core ‘ngrato, S.Cardillo, наставник: Магдалена Наумоска, пијано соработник: наставник Александра Ристовска, Софија Михајловска III година – пијано, Ф. Лист – Концертна етида бр. 1 “Waldesrauschen”, наставник: Маја Божиновска, Ива Чанова флејта III година – флејта, Pietro Morlacchi: ,,Швајцарскиот овчар” за флејта и пијано, наставник: Александар Стефановски, пијано соработник: наставник Горјана Стојановска, Ѓорѓи Младеновски IV година – хармоника, А. Прибилов : Соната Бр.1 I став, наставник: Владимир Андревски, Лина Димовска III година – пијано, Ф. Лист: Унгарска рапсодија бр. 4, наставник: Билјана Димовска, Леон Дојчиновски, IV година – контрабас, Ј. С. Бах -Менует 1 и 2, Свита 1, наставник: Никола Баљаревски, Илијана Серафимова IV година – соло пеење, С. Рахмањинов : Полюбила я на печаль свою, наставник: Маја Митровска, пијано сорботник: наставник Анастасија Гичевска, Магдалена Ковилоска IV година – флејта, Francois Borne:,,Кармен фантазија” за флејта и пијано, наставник: Александар Стефановски, пијано соработник: наставник Горјана Стојановска, Јове Атанасовски IV година, В. Монти – Чардаш, наставник: Кирил Мулоски, пијано соработник: наставник Александра Пецакова, Бојан Наумовски IV година – кларинет, В. А. Моцарт : Концерт во А-дур I став, наставник: Димитар Трајковски, пијано соработник: наставник Анастасија Гичевска, Кристијана Илиевска IV година – пијано, Ф. Лист: Концертна етида бр. 2 “La leggierezza“, наставник: Билјана Димовска.







