Home » Учениците на ОУ “Даме Груев“ дел од проектот „Еко-пријателска мобилност“

Учениците на ОУ “Даме Груев“ дел од проектот „Еко-пријателска мобилност“

by culturalchat

Здружението за развој на ромската заедница “Сумнал“ и ОУ “Даме Груев“ – Битола организираа работилница за промоција на еко- пријателски транспорт. Работилницата е дел од проектот „Еко-пријателска мобилност“ финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку Еразмус + програмата на Европската Унија.
„Еко-пријателска мобилност“ претставува иновативна иницијатива за подигнување на свеста кај младите за улогата на сообраќајот во заштита на животната средина.
Активностите се фокусираат на подигнување на знаењето и свеста за влијанието на превозот врз квалитетот на воздухот.

Оваа иницијатива им дава приоритет на пешачењето, возењето велосипед, јавниот превоз и електричните возила. Промовира патување преку интегрирани, општествено инклузивни и еколошки опции без да зависи од возила во приватна сопственост. Одржливата и достапна мобилност ја претставуваат сржта на градот што може да се живее. Денес, градовите доживуваат невидено ниво на автомобилски и товарен сообраќај што резултира со загадување на воздухот, емисии на гасови, метеж и несреќи. Овозможувајќи им на заедниците одржлив пристап до стоки, услуги и можности, екомобилноста може да го подобри квалитетот на животот и да создаде подобра и поквалитетна животна средина.

Екомобилноста вклучува одржлива и еколошка мобилност. Сите овие се однесуваат на одржлив начин на превоз на луѓе или роба. Со други зборови, станува збор за превозните средства кои ја почитуваат животната средина. Екомобилноста е „нов“ поим кој се однесува на превозните средства кои се способни да ги пренесуваат луѓето или робата на одржлив начин, штитејќи ја и грижејќи се за животната средина.

 

Related Articles