Битолската библиотека запиша едно минато, една сегашност и една непроценлива иднина, преку претставувањето на 24 Факсимили на роднокрајни писатели-членови на ДПМ.
Како дел од проектот „20 роднокрајна средба на битолските писатели од Македонија“, трајно е зачувана и поставена збирката на факсимили во делот пред роднокрајниот оддел на библиотеката. „ Оваа збирка е единствена и уникатна во целата наша држава. Таа претставува еден завет за сите идни генерации на библиотекари кои треба да ја чуваат, но и да ја прошират.
Голема благодарност до професорката и писателка Весна Мундишевска Велјановска за изработката, но и тоа што ни дозволи ние да бидеме дом на овие факсимили. Започнавме со изложба, ги овековечивме во книга, а сега секој факсимил сам за себе ќе пишува една иднина за сите генерации кои ќе поминат и ќе го погледнат и прочитаат. Благодарност до Министерството за култура и туризам, кои ја препознаа важноста на овој проект и го финансираа истиот. И благодарност до „Арт Макаријовски“, кој ги изработи рамките“, истакнаа од библиотеката.