Home » Три кратки и три долгометражни филмови дел од Фестивалот на Грчки филм во Битола

Три кратки и три долгометражни филмови дел од Фестивалот на Грчки филм во Битола

by culturalchat

Веќе четврта година во нашата земја, се оддржува ревијалниот филмски фестивал „Недела на грчки филм“. За прв пат годинава на неговото четврто издание , филмовите од овој фестивал се најдоа на филмското платно на историското кино на браќата Манаки, „Кино Манаки“. Пред филмската публика воведно обраќање имаше организаторот на фестивалот Небојша Јовановиќ од филмскиот фестивал Киненова од Скопје којизјави дека е особено среќен што се докажало дека програмата и од овој фестивал заслужува да биде прикажана во Битола, градот на културата, на филмската уметност, на дипломатијата, на архитектурата.„Драго ми е дека,стојам и се обраќам овде пред вас, пред овој прекрасен аудиториум“, рече Јовановиќ.

Пред приситните се обрати во својство на домаќин на битолското фестивалско претставување и Генералниот конзул на Р. Грција во Битола, Алехандрос Видоурис.

„Сметам дека ова е еден важен чекор да го донесиме фестивалот во Битола.Зошто? Затоа што токму тука би можеле да кажеме дека е родено киното на Балканот. Двајцата браќа, Милтон и Јанаки Манаки, од Авдела Гревена, првите филмаџии на Балканот, го поставија своето фотографско студио овде во Битола, но го изградија и ова кино овде, во време кога малку балкански градови дошле во контакт со подвижната слика.Киното на браќата Манаки можеби изгоре, но градот Битола, почитувајќи го споменот на овие историски личности, на негово место подигна верна копија од старото кино“.Помеѓу другото во своето обраќање тој ја посочи важноста за културна соработка помеѓу соседите и заблагодари за соработката со КИЦ Битола.

„Би сакал да му се заблагодарам на директорот на Културно Информативниот центар Битола, г-дин Благојче Божиновски, за неговата љубезна поддршка што ни ја отстапи оваа сала.Би сакал да се заблагодарам и на Канцеларијата за јавна дипломатија на Амбасадата на Република Грција во Скопје, како и на директорот на фестивалот Киненова, г-дин Небојша Јовановиќ, што овозможија да се реализира овој фестивал“.Ова е можност за идна соработка и градење на заедничка публика со нашиот јужен сосед. Фестивалот трае се до 10. Април, а секоја вечер се прикажува по еден краткометражен и еден долгометражен филм од грчката кинематографија.Денес на програмата беа филмовите: „Бјути “– на Танос Либеропулос и „Невидлив“ – на Димитри Атанитис. На последниот ден ќе бидат прикажани: „Тишината на рибата што умира“ – на Василис Кекатос и „Не би сакал да сум непристоен, но мораме сериозно да разговараме“ – на Јоргос Георгопулос.

Влезот е слободен.

 

 

Related Articles