Home » Театарот Хит одбележува три години постоење

Театарот Хит одбележува три години постоење

by culturalchat

Театарот Хит од Скопје прославува три  години постоење. Овој независен театар е најактуелниот во моментот во Македонија, а и кај дел од нашите иселеници во дијаспората. Продукцијата на Театар Хит е повеќето наменета за деца. Тоа што е одлика на овој театар, кој веќе три години опстојува под театарското небо се гостувањата на сите места и едукацијата на децата. Денес театар хит ја имаше 40 -та изведба на најбараната претстава за деца ,, Тетка Марулка” која имаше премиера во месец Февруари. Во претставата играат: Магдалена Ризова Черних, Сашо Ристовски и Ема Давчева. Покрај претставите за деца и млади, театарот Хит остави и печата со хит комедијата за возрасни ,,Обвинителка” која беше резултат на меѓународна соработка помеѓу Република Македонија и Република Србија , во која главната улога ја имаше мега популарната актерка од Србија, Лидија Вукиќевиќ.

Related Articles