Еден од најактуелните приватни театри Театар Хит од Скопје, во петок ќе гостува во Копер Словенија со нивната хит претстава за деца ,,Црвенкапа”. Оваа претстава која е една од најбараните во земјата и регионот ќе имаат чест да ја видат дечињата кои живеат во Копер, односно нашите деца од Македонија, по покана на Македонците од Копер.
„Овој важен настан е идеја преку детскиот македонски театар да се радуваат нашите деца во дијаспората, пример кој треба да се следи“, ни изјави актерот Сашо Ристовски.
Оваа театарска претстава ќе биде посебна, бидејќи во неа се вклучува и Дедо Мраз кој ќе донесе многу радост на децата, покрај јунаците од претставата: Црвенкапа, Волкот, бабата и ловџијата. Ова гостување на Театар Хит е по покана и во организација на Фаланга Доо,а како подржувачи и учесници во проектот се вклучени : -МПЦО БОГОЈАВЛЕНИЕ ВОДИЦИ КОПЕР, -МКД КОЧО РАЦИН КОПЕР -Т -МОМО KOПЕР -КАВАРНА ВАНИЛА KOПЕР -АС-МК СТОРИТВЕ KOПЕР -ДЕСТО С.П ДЕЈАН БОЖИНОВ СЕЖАНА -РЕСТАВРАЦИЈА ЕРА КОПЕР -ГАСС ТРАНС Д.О.О. ПИВКА -ORCE DANILOV S.P. Koper.
Во претставата играат нашите актери: Магдалена Ризова – Черних, Сашо Ристовски, Ема Давчева и Бранко Атанасов.