Home » Тамара Котевска со наградата Grierson за „Приказната за Силјан“

Тамара Котевска со наградата Grierson за „Приказната за Силјан“

by culturalchat

Македонската режисерка Тамара Котевска го освои признанието за најдобар кино-документарец на престижните Grierson British Documentary Awards во Лондон за „Приказната за Силјан“ (The Tale of Silyan). Наградите „Гриерсон“, познати како „британски Оскар за документарни филмови“, се меѓу најстарите и најугледните признанија за документаристика во Велика Британија. Основани во чест на документаристот Џон Гриерсон, тие ја слават извонредноста во документарниот филм. По неодамнешната Wildscreen Panda Award, ова е уште едно значајно меѓународно признание за филмот и за македонската кинематографија.
„Вредноста на „Приказната за Силјан“ продолжува да се потврдува и по цела една година исполнета со награди, а ние очекуваме уште многу нови признанија и во наредниот период. Искрено, немам и што повеќе да кажам со зборови, освен дека овој филм го носи моето срце и целата моја страст кон седмата уметност“, изјави Котевска.
Честитки до Тамара и до целата филмска екипа.

Related Articles