Четворица претставници од „Сумнал“ учествуваа на oбука за вештини за активисти „Одржлив активизам и грижа за себе“ која се одржа од 1-4 февруари 2024 година во Берлин, Германија. На обуката учествуваа 16 млади активисти од различни држави и малцинства од Европа со цел да научат повеќе како да практикуваат грижа за себе за да го поддржат сопствениот активизам.
За време на обуката учесниците играа игри за да се запознаат меѓусебе, имаа вежби за градење на тимови и активна сесија при која имаа можност да ги споделат своите лични приказни и патувања како активисти. Обуката, исто така, вклучуваше вежби за тоа како да се поврзе менталното здравје со активизмот, како главна тема на интерес, заедно со време за рефлексија околу спроведените активности и работа на темата „искористување на нашиот внатрешен мир“.
Учесниците имаа и културна вечер кога споделија видеа, песни, танци и закуски од нивните заедници. Обуката ја имплементираше европската мрежа за Млади на европските националности Youth of European Nationalities YEN/YEV во која „Сумнал“ е член, поддржана од Европската младинска фондација на Советот на Европа.