Home » Специјално признание за ИФФК Браќа Манаки од Британското здружение на кинематографери

Специјално признание за ИФФК Браќа Манаки од Британското здружение на кинематографери

by culturalchat

Британското здружение на кинематографери ја додели својата награда за Специјално достигнување на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. На церемонијата која се одржа во Лондон беше истакнато:

„ Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ е најстариот фестивал посветен на кинематографијата во светот. Основан во 1979 година, фестивалот го доби името на двајцата пионери на кинематографијата, Јанаки и Милтон Манаки. Со осамостојувањето на Македонија во 1991 година, фестивалот стана Меѓународен филмски фестивал, славејќи ја светската кинематографија и истакнувајќи ги новите таленти и пред и зад камерата. Сместен на Балканот, во шармантниот македонски град Битола (градот на браќата Манаки), град кој е уметнички и креативен центар на фестивалот. Одборот на гувернери на Британското здружение на кинематографери ја доделува оваа награда како признание за посветеноста на фестивалот да го прослават занаетот на кинематографијата и неговата страст за прикажување разновиден спектар на фикција, документарни и кратки филмови од целиот свет“.

Оваа награда е спонзорирана од Universal Production Services.

 

Related Articles