Home » Се одржа креативната работилница „Велигденска приказна“

Се одржа креативната работилница „Велигденска приказна“

by culturalchat

Во духот на претстојните празници НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола креираше една прекрасна сликовница насловена „Велигденска приказна“ со учениците од ДЦУРО „Св. Наум Охридски“-Скопје со дисперзирана паралелка во Битола. Оваа работилница е дел од проектот „Креативни забавни работилници за поттикнување на читањето кај деца со попреченост“ и е трета по ред.

„Сите сме исти, но истовремено и различни“ е мотото на овој проект кој е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија и има за цел да покаже дека инклузијата може да се спроведува на многу различни начини.

„Велигденската приказна“ е сликовница која овие ученици ја изработија со помош на професорките по пракса и координаторите на проектот м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски и Вера Марковска.

„Љуби го својот ближен како себеси“, „Простете си еден со друг“, „ Се е можно на оној што верува“ и уште многу пораки исполнети во духот на празничната магија ја красат сликовницата.

„Кога ќе погледнете дека овие деца со искрени срца ве прифаќаат и ви возвраќаат во иста мера, знаете дека сте ја постигнале целта“, ни изјавија од библиотеката.

Да ги запознаеме овој пат:

-Теа која кога ќе порасне сака да работи во библиотека,

– Тео кој сака да игра фудбал,

– Никола кој секогаш ни е најголема поддршка и секогаш ни дава чиста петка за креативните активностите. Координатори на проектот беа М-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски, Вера Марковска и Ирена Колевска.

 

Related Articles