„Како да изградиме доверба помеѓу различните националности“? „Знаеме ли доволно за себе и за другите“? „Постои ли опасност од нови конфликти заради непознавање на минатото“?
Овие и многу други прашања беа дел од втората работилница на Проектот Младите за соживот и мултиетничка толеранција „ЗАЕДНО“, имплементиран од Здружението за истражување на пазарот на труд во функција на мултиетничката толеранција ПРОФИЦИО Скопје, во соработка со Здружение за регионална соработка „22 Нентори“ од Битола и Кластер за туризам од Крива Паланка и со финансиска поддршка од Европската унија.На работилницата 50 учесници, пред се млади луѓе на возраст од 15 до 25 години, се едуцираа, дебатираа и предлагаа форми на делување за креирање општество во кое разликите ќе бидат инспирација, наместо причина за нетолеранција, конфликти и деструктивност. За време на оваа работилница, беше истакнато дека и покрај различните традиции и обичаи, сите националности во основа на своите верувања се залагаат за промоција на позитивните човекови вредности, мир, соживот, толеранција, љубов и разбирање.На работилницата посебно беше истакнато дека, мултикултурализмот бара вклучување на ставовите и придонесите на различните членови на општеството, притоа задржувајќи ја почитта кон нивните разлики. Младите се запознаа и со поимот културно наследство, кој се дефинира како материјални и нематеријални добра, како израз или сведоштво на човековото творештво во минатото и сегашноста или како заеднички дела на човекот и природата, поради своите археолошки, етнолошки, историски, уметнички, архитектонски, урбанистички, амбиентални, технички, социолошки и други научни или културни вредности, својства, содржини или функции, имаат културно и историско значење. Темата предизвика посебен интерес кај младите луѓе кои преку својата ангажираност, покажаа дека се подготвени за партиципативност во современото општество со надминување на сите стереотипи и предрасуди и креирање на заедница во која вредностите и творештвата ќе ги заменат конфликтите и недоразбирањата.Проектот „Младите за соживот и мултиетничка толеранција – ЗАЕДНО“ е поддржан од страна на проектот „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“, којшто го финансира Европската Унија @Delegation of the European Union Skopje и го спроведува УНДП @UNDP MK.