Прекрасното мајско сонце дозволи петтата работилница од проектот „Креативни забавни работилници за поттикнување на читањето на деца со попреченост“ да биде реализирана во градскиот парк во соработка на НУУБ.Св. КЛимент Охридски“ Битола и учениците од ДЦУРО „Св. Наум Охридски“-Скопје со дисперзирана паралелка во Битола.
Учениците заедно со библиотекарките, професорката по македонски јазик Елизабета Јончиќ и професорката по теоретски графички предмети и практична настава Елена Чукалеска изработија цртежи за прекрасна цветна бајка со цвеќињата кои ги собираа.
„Пролетта е магично место, таму царуваат боите на виножитото послани како килим врз земјата, а секој цвет има своја боја, свој мирис и своја приказна, која учениците ја раскажуваа. На матурантите им ја честитаме матурата и им посакуваме брзо вработување“, истакнуваат од библиотеката.
Проектот е реализиран со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија. Координатори на проектот се м-р. Гордана Ѓоргиевска-Неделковски, Ирена Колевска и Вера Марковска.