Краткометражниот игран филм ,,Кучињата немаат соништа” на Ханис Багашов ја имаше светската премиера на 32. издание на Сараевскиот филмски фестивал, најважниот и најголем филмски фестивал во југоисточна Европа. Филмот ја следи приказната на тинејџерите Илире и Бесник од планинско село, на кои патријархалното наследство не им дозволува да бидат заедно.
Филмот е по сценарио, режија и во продукција на Ханис Багашов, а копродуценти се Касијана Ангелова од Бугарија и Јуре Тержан од Словенија. Главните улоги ги толкуваат Ера Балај и Дениз Рустеми, а играат и Илире Винца, Рефет Абази, Ментор Курти и Греса Фаризи. Директор на фотографија е Фејми Даут, монтажата е на Касијана Ангелова, музиката на Арта Абази, костимите и сценографијата на Елена Билбилоска, дизајн на звукот на Дарко Спасовски.
Филмот е подржан од Агенција за филм, во продукција на „Хитра филмс“ и копродукција на „Етерна филмс“ и „Казабланка“.
