Како дел од проектот во организација на здружението за развој на ромската заедница,Сумнал, проект со наслов „Еко-пријателска мобилност“родители од ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ имаа можност да учествуваат на работилница која има за цел подигнување на свеста кај младите за улогата на сообраќајот во заштита на животната средина.
Оваа работилница се одржа и за учениците од деветто одделение, но многу важен фактор за одржливост и применливост на стекнатите знаења е кога и родителите и децата заедно учествуваат во давање предлози, идеи и споделување на искуства во врска со примена на велисипедот, електроските возила и пешачењето како начин на движење во градот и околината.
Овој проект е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку Еразмус + програмата на Европската Унија.
Со родителите преку симулации со ученици, се објасни важноста на пешачењето, возењето велосипед, јавниот превоз и примената на електричните возила.
Најинтересен дел од активноста за присутните беше откривањето на сигналите при возење со велосипед за безбедно да се движат велосипедистите во сообраќајот (вртење лево, вртење десно, опасност на патот, давање предност, дупка на патот, забавување и сл.)
Родителите искрено се искажуваа колку и како придонеле за нивните деца да имаат велосипеди ,колку делуваат за нивно редовно користење и што ги загрижува при возење со велосипед на нивните деца:
• Возење без заштитна опрема
• Возење на повеќе лица истовремено на велосипед
• Не се прави технички преглед на велоспиед( кочници, гуми, педали, светлосна и звучна сигнализиација и сл)
• Возење низ лоша сообраќајна инфраструктура и сл.
Родителите изведоа заклучок дека е неопходно сите заедно, локалната власт, училиштата, МВР, родителите и учениците да се потрудат весосипедот да стане дел од нашето секојдневно живеење. Зошто? Бидејќи озоможува правилен правилен физички, ментален и социјален развој на личноста.