Home » Работилница со ученици за проектот „Еко-пријателска мобилност“

Работилница со ученици за проектот „Еко-пријателска мобилност“

by culturalchat

Учениците од деветто одделение од ООУ „ Ѓорѓи Сугарев“ -Битола имаа можност да учествуваат на работилница од проектот „Еко-пријателска мобилност“  со цел  подигнување на свеста кај младите за улогата на сообраќајот во заштита на животната средина.

Овој проект е во организација на здружението за развој на ромската заедница,Сумнал, финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку Еразмус + програмата на Европската Унија.

М-р Фатма Бајрам Аземовска претседателка на „Сумнал“ и одделенскиот наставник  Наташа Тодоровска од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола   ги поттикнаа учениците да размислуваат за важноста  на пешачењето, возењето велосипед, јавниот превоз и примената на електричните возила.

Учениците дискутираа колку е важно   безбедно да се движат како велосипедисти. Учеа кои сигнали за безбедно движење треба да ги користат при возење во колона и  зошто е забрането  да се движат со велосипед по Широк Сокак.

Учениците даваа и свои предлози и искажуваа ставови како да се подобрат условите за почеста примена на велосипед. Исто така читаа и дискутираа за  информации од истражувања поврзани со користа од физичката активност за правилен физички, ментален и социјален развој.

 

Related Articles