Во рамките на јубилејното 55.издание на фестивалот Илинденски денови, ќе биде промовирана публикацијата „Етнокореолошки аспекти на фестивалските сцени“, чиј автор е м-р Љупка Стефановска. Токму со оваа тема Стефановска магистрираше на Катедрата за етнокореологија, на Музичка академија, при УГД – Штип, при што се здобија со титула Магистер по етнокореологија.“Денес, за утре” е годинешниот слоган за оваа година на фестивалот Илинденски денови. Тука сме… не за да повториме.Туку да продолжиме. Да пренесеме. Да создадеме ново од старото. Ова е фолклор со иднина. Затоа што фолклорот не е само минато. Тој е иднината што не заборава. Дека денешното има смисла само ако зборува со утрешното. 55 години подоцна – фестивалот уште го поставува прашањето ширум светот на секој меридијан: Кои сме, што носиме и зошто е важно тоа да го кажеме гласно? Затоа сме ДЕНЕС тука, за УТРЕ.
Од оваа година во Државното Музичко училиште во Битола се отвора нова насока: Традициски играч и пејач, каде часовите ќе ги држи токму Стефановска, која фолклорното искуство го градеше долги години на сцените ширум светот како дел од КУД Илинден Битола. Промоцијата ќе се одржи на 27.07 во Кино Манаки со почеток од 19 часот.