Home » Промоција на книгата „Анатомија на речта” на поетесата Јасмина Јошевска

Промоција на книгата „Анатомија на речта” на поетесата Јасмина Јошевска

by culturalchat

Во Скопје се одржа промоцијата на најновата книга „Анатомија на речта” на поетесата Јасмина Јошевска, која за овој настан носеше креација на креаторката Анастасија Зулевска. Настанот беше од хуманитарен карактер, за набавка на апарат за децата со цистична фиброза во Клиниката во Скопје.„Анатомија на речта“ е 11 објавена книга на Јошевска, која го одразува автентичниот глас на современата македонска поезија. Настанот се одржа во хотел Лимак Скопје, кој беше одложен поради немилиот настан со групата ДНК и сите жртви во Кочани. „Почетокот на промоцијата беше посветен на жртвите од Кочани и групата ДНК кои загинаа во страотниот пожар, а со тоа им оддадов почит на луѓето кои требаше да бидат дел од тој настан на претходно договорена дата и заедно да го славиме мојот роденен. Повикав за многубројност за да можам ова дело да го направам пристојно“, изјави Јасмина.„Анатомија на речта“ е книга која ја одразува автентичниот глас на современата македонска поезија. Јасмина Јошевска со своите стихови пренесува искрена емоција и силна посветеност кон уметноста, создавајќи поетска структура која не само што ги истражува длабоките слоеви на човечкото искуство, туку и го открива најсуптилните и најнепознатите аспеки на човековото постоење. Нејзините стихови носат свежина и искреност, кои се основни карактеристики на нејзиниот поетски стил“, ова е дел од рецензијата на Денис Бојаров.

Промотори на книгата беа Гордана Такец, Сања Савевска, Ирена Илиевска, Кирил Трајковски, Рамадан Рустемов, Катерина Шехтанска, Весна Синадиновска. Водител на настанот беше актерот Петар Горко, а на промоцијата настапија дечињата на Анастасија центар од Битола.Свое обраќање со извадоци од книгата „Анатомија на речта“ имаше водителката Сузана Турунџиева, а дел од настанот беа и Филип Пецовски, Димитрина Мицкоска, Костадин Петрушев, Мартијан Кириловски, Ивана Мангароска, , Марија Котеска. Во знак на благодарност на крајот од настанот, авторката Јошевска им подари „Златна плакета за хумана дејност“ на сите оние кои беа дел овој настан. Ова е трет хуманитарен настан на Јасмина во Скопје, а нејзина 11 објавена книга.

 

Related Articles