Home » Промоција на албумот „Мајка“ на Некст тајм во Скопје

Промоција на албумот „Мајка“ на Некст тајм во Скопје

Видео од изведбата на песната „Ја излези Ѓурѓо“

by culturalchat

Во хотелот „Мериот“ во Скопје, „Некст Тајм“, однсоно Стефан и Мартин Филиповски, пред своите пријатели, колеги, соработници и фанови го промовираа нивниот најнов албум кој носи наслов „Мајка“.

„ Албумот се изработуваше долг период под палка на Никола Мицевски, а е снимен и мастеризиан во XLs студио Момироски. На албумот има девет композиции од кои една е бонус трака за песната “Ја излези Ѓурѓо”, која што е во ново руво и во дует со Влатко Лозаноски. Веруваме дека ова е нешто што ќе остане“, истакнаа Мартин и Стефан и додадоа „Албумот го посветуваме на целата наша земја, на Македонија. Како и на нашата мајка Сузана и на сите мајки борци. Секој нека си го доживее на свој начин и нека го подари на својата мајка или на Македонија“.

Композиторот Мицевски истакна:

„Имав можност и чест да го работам албумот “Мајка” на Некст Тајм. Заедно со Стефан и Мартин во изминативе 8 години се посветивме максимално со професионализам, позитивна енергија и многу љубов кон она што значи традиција, наследство, а за возврат добивме многу љубов и поддршка од ВАС, публиката!! Се надевам дека сите песни од албумот ќе допрат до некој и овој албум ќе се слуша многу долго понатаму. А со двете промоции кои ги имавме во краток временски период на кои дојдоа преку 1200 луѓе и изразија огромна поддршка кон ова наше дело, се докажа дека публиката секогаш препознава добри и искрени дела, проекти! NEXT TIME уште еднаш ви благодарам за довербата! Благодарам на XLstudio Momiroski за професионализмот“.

Во преполната сала на хотелот „Некст Тајм“, заедно со својот бенд во живо на чело со музичкиот продуцент на албумот Николче Мицевски за присутните изведоа неколку песни, а на крајот ја испеаа и нивната „Ја излези Ѓурѓо“ и тоа заедно во дует со нивниот голем пријател и колега Влатко Лозаноски – Лозано.

Видеото од изведбата на оваа песна кое го направи Димитар Петковски може да го погледнете на следниот линк:

 

 

 

Related Articles