Ликовната уметница Кети Радевска долги години твори со љубов за Битола, а незјината работа и дела се признати низ целиот свет. Деновиве признанија за својата работа доби во Полска и Кина и тоа: Сертификат од Светскиот институт за карикатура со седиште во Полска со кој доби статут на Амбасадор, претставник за карикатура и Награда за карикатура во Кина.
Таа со ликовна уметност се занимава 32години и учествува на многу Меѓународни фестивали на карикатура, притоа добива и награди и признанија. Има изработено и многу цртежи илустрации кои се Насловни корици на книги за возрасни, пет Сликовници со нејзини цртежи во соработка со други автори, две боенки со нејзини цртежи кои ги подари на дечињата во градинката дг.Пролет, Битола каде е вработена.
Учествува на Меѓународни фестивали за карикатура. Неодамна во соработка со писателка од Хрватска изработи илустрација за насловна корица на книгата за деца „A treasure hunt on the farm“, која е на англиски јазик. Минатата година Радевска донираше и свои книги и слики во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. Дел од сликите беа изложени во изложбата поставена по повод 4 Ноември во холот на Библиотеката.



