Home » Претставата за деца ,,Галенка” гостуваше во Крушево

Претставата за деца ,,Галенка” гостуваше во Крушево

by culturalchat

По повод меѓународниот ден на детето 20 Ноември , Театар Хит Скопје со својата хитовска детска претстава ,,Галенка” гостуваше во Домот на култура во Крушево.
„ Од особена важност ни се соработките со домовите на култура во Македонија, бидејќи децата мора да имаат културни активности. Нашиот театар исклучително внимава на тие соработки и секогаш гледаме да бидеме присутни секаде. Денес е меѓународниот ден на детето и сме во Крушево со нашата ,,Галенка” каде децата со голема радост ја проследија оваа изведба. Не само на овој ден, туку сите денови се денови на децата, бидејќи во ова тешко време мора да се трудиме за правилен развој на детето и нивната интеграција во општеството.” – ни изјави актерот и директорот на Театар Хит – Сашо Ристовски.
Во претстава ,,Галенка” покрај Ристовски играат: Магдалена Ризова – Черних и Ема Давчева, а сценската визуелизација ја потписува Дими, додека покрај актер, автор и режисер на оваа претстава е Сашо Ристовски.

Related Articles