Home » Претстава од Шпанија го отвора 13.издание на Битолино

Претстава од Шпанија го отвора 13.издание на Битолино

by culturalchat

Честа да настапат на свеченото отворање на тринаесеттото издание на ИДТФ Битолино ќе им припадне на Antzoki Teatteri од Шпанија со претставата „Огномет – искри на животот“, на големата сцена – НУ Центар за култура Битола, со почеток од 20.30. Детската претстава е во режија на Tony Casla.

ANTZOKI TEATTERI е професионална театарска компанија која е создадена во 2012 година. Оттогаш, тие имаат премиерно изведено 9 претстави, и се една од најактивните шпански театарски компании во делот на интернационално презентирање на шпанската култура и театар. Нивните претстави се гледани во Америка, Европа и Африка. Тие се меѓународно признати за нивното учество на бројни меѓународни фестивали и на нивниот репертоар се играат претстави кои раскажуваат приказни кои влијаат на општеството. Тие се двапати наградени со Гран-при на Шпанија за изведувачки уметности, во 2019 и во 2021 година.

Едно девојче и момче преживуваат воен конфликт. Заедно тие бараат засолниште каде што можат да се засолнат и да преживеат. Приказна за борба, издржливост, поддршка и вистинското значење на пријателството. Кога не можеш да избереш, се бориш. Да живееш, да одиш, да гледаш, да се насмевнуваш… Игрите на постарите не секогаш завршуваат како кошмари на помладите. Знаете ли зошто? Затоа што децата ќе го променат светот онолку пати колку што е потребно. Децата во Битола ќе имаат можност да погледнат и доживеат едно ново театарско решение врз основа на една тажна и потресна приказна со силна порака до возрасните и мотивација за децата уште еднаш да го променат светот на подобро.

Related Articles